„Отскочна даска“ на Витомир Долински промовирана во Велес

Во рамки на 3. Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“, вчера во Локалната библиотека „Гоце Делчев“  Велес се одржа промоцијата на книгата со афоризми „Отскочна даска“ од авторот Витомир Долински.

Zito baner

За книгата осврт даде промоторот Атанас Крлевски, кој посочи дека „Отскочна даска“ е избрана за промоција во рамки на фестивалот бидејќи е објавена во периодот меѓу минатогодишното и овогодишното издание на фестивалот.

Agria

Промоцијата помина во интерактивна атмосфера, со разговор меѓу авторот и присутните, а публиката имаше можност да слушне и афоризми од книгата.

Со својот препознатлив краток и сатиричен израз, „Отскочна даска“ се вклопи во програмата на фестивалот посветен на хуморот, иронијата и сатиричниот поглед кон секојдневието. Вечерва со почеток од 18 часот и 30 минути во Ликовнот салон ќе биде затворен 3. Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“ со доделување на наградите од распишаниот конкурс на тена „Вода“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: