Обвинителството против гаранцијата од 12 милиони денари за газдата на „Пулс“

Обвинителството дало негативно мислење за понудената гаранција од 12 милиони денари во недвижен имот со која Дејан Јованов-Деко, газдата на „Пулс“, бара да му биде укинат притворот во постапката за трагичниот пожар во Кочани. Јованов понудил гаранција од 195.820 евра, односно 12.042.932 денари, преку ставање хипотека на недвижен имот. Од Обвинителството, сепак, сметаат дека понудениот имот не обезбедува доволна гаранција.

Zito baner

Според нив, Јованов ја дал согласноста за гаранцијата иако бил свесен дека дел од имотот веќе е предмет на извршување, поради што не може да биде ставен под хипотека ниту, пак, да биде впаричен. Дополнително, Обвинителството посочува дека значителен дел од понудените недвижности се помошни простории, објекти, шупи и плевна, од кои дел претходно биле бесправни објекти. Оттаму оценуваат дека таквиот имот, доколку биде потребно, тешко би можел да се продаде, а особено не за проценетата вредност.

Agria

Јованов требаше да излезе од притвор на 3 октомври, кога истекува последното продолжување на мерката. Тоа е рокот до кој, согласно законските ограничувања, може да му биде продолжуван притворот по оцената на обвинителниот акт.

Во меѓувреме, ОЈО ГОКК вчера соопшти дека против Јованов е отворена и нова истрага, овојпат за кривичното дело давање поткуп, за кое обвинителството исто така бара да му биде определен притвор.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: