Викендов започнува новата сезона во Општинската фудбалска лига на ОФС Велес, во која годинава ќе се натпреваруваат 10 екипи.
Нов член на лигата е екипата на Плавник од село Мелница, која својот дебитантски настап ќе го има против актуелниот шампион Форца. Бранителот на титулата ќе биде домаќин на новиот член во рамки на првото коло.
Победникот на Купот на ОФС Велес, Младост, на домашен терен ќе го пречека Горски, додека Раштани ќе играат против Тополка.
Тополка по настапот во повисок ранг се враќа во Општинската лига, со што сезоната носи и неколку интересни пресметки уште на самиот старт.






















