Претрес во дом во село Војница, 54-годишен велешанец приведен, пронајдени различни видови дрога

54-годишен велешанец е лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом во село Војница пронашла различни видови материја за која се сомнева дека е наркотична дрога. Како што информира МВР, на 5 октомври 2026 година во 14:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.М. (54) од Велес.

Zito baner

Претресот го извршиле полициски службеници од Отсекот за економски криминал и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основниот суд Велес.

Agria

При претресот во неговиот дом и помошните простории во село Војница, Општина Чашка, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана и дигитална вага.

Љ.М. бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: