Рекорден број крвни единици беа собрани на традиционалната крводарителска акција по повод Денот на Општина Велес. Вкупно 201 крводарител даруваа крв, со што минатогодишниот рекорд беше надминат за една крвна единица.
Посебно значајно е што 11 лица за првпат даруваа крв и станаа дел од големото хумано семејство на крводарители.
Крводарителската акција ја реализираа заеднички Општина Велес, Мото клубот „Носачи на крстот“, Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Со рекордните 201 дарување, Велес уште еднаш ја потврди својата хуманост и солидарност, испраќајќи силна порака дека дарувањето крв значи спасување човечки животи.




















