Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ги повикува граѓаните да земат учество на регионалната јавна расправа по Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија 2021-2040. Јавната расправа за Вардарскиот плански регион ќе се одржи денес, во големата сала на Општина Велес, со почеток во 12:00 часот.
Расправата се организира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за планирање на просторот.
Целта е Нацрт-просторниот план и предложените плански решенија да бидат претставени пред локалните заедници и останатите засегнати страни од Вардарскиот регион, како и да се овозможи нивно учество и давање мислења и предлози.
Од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ги повикуваат сите заинтересирани граѓани и претставници на институции и организации да присуствуваат на јавната расправа.






















