На 18 август околу 13 часот, на улицата „Александар Македонски“ во Градско, патничко возило удрило 10-годишен малолетник од селото Уланци, по што возачот со возилото го напуштил местото на несреќата.
Во сообраќајката детето се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Велес.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и возилото, како и за целосно расчистување на случајот.




















