
Ванеса Брајант, сопруга на трагично настраданиот американски кошаркар, Коби Брајант ќе добие околу 30 милиони долари од градот Лос Анџелес на име отштета.
Ванеса и нејзините деца ќе добијат точно 28,85 милиони долари, поради тоа што полицајците и пожарникарите го снимиле и споделувале мртвото тело на Коби Брајант и на нивната ќерка Џијана по хеликоптерската несреќа.
Градот Лос Анџелес долго време одбиваше да признае грешка, па дури и бараше психијатриско испитување на Ванеса Брајант преку кое сакаа да утврдат дека таа страда од депресија и емоционален стрес поради загубата на сопругот и ќерката, а не поради фотографиите поради кои излегоа во јавност.
Таквиот срамен обид на моќниците на Лос Анџелес, за среќа, не мина.
Можеби ќе ве интересира:
https://batali.mk/36180/dhordan-donirashe-deset-milioni-dolari-na-fondaczija-koja-im-pomaga-na-bolni-decza/
















