Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, денеска треба да учествува на состанокот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, јави специјалниот известувач на МИА од Њујорк.

Zito baner

Состанокот го води високата претставничка за заедничка безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Каја Калас.

Agria

Во пресрет на состанокот македонскиот премиер Мицкоски повика на вклучување претставници на ЕУ со цел подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија.

Премиерот Мицкоски исто така информира дека доаѓаат позитивни сигнали од Европската Унија, особено по самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Тиват кога од Германија и Франција произлезе иницијатива за реформи во процесот на проширување.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: