
Утрово на скопскиот аеродром пристигнаа првите дози од вакцината АстраЗенека или околу 24.000 дози. Нив ги пречека министерот за здравство Венко Филипче, а потоа најави дека до крајот на април во земјава ќе пристигнат уште 76.000 вакцини од истиот производител.
„Вакцината ќе се чува најпрвин во нашите фрижидери во Скопје, кога ќе се спроведе дистрибуцијата ќе биде во фрижидерите кои веќе постојат во вакциналните пункотови во здравствените домови поради тоа што ова вакцина што се чува на температура од 2 до 8 степени, што значи буквално секој град може да се чува и да се дава понатаму“, изјави Филипче.
Филипче се заблагодари на меѓународните претсавници за помошта за транспортот и приемот на вакцините изразувајќи надеж во континуитет на достава на вакцини преку Ковакс механизмот, од каде, како што рече, според досегашните сознанија, во април во држвавава треба да пристигнат дополнителни 76 илјади дози од производителот „АстраЗенека“.
„Во развивање на ковакс механизмот инвестираа и учествуваа многу држави во светот, СЗО, Глобалната алијанса за имунизација со цел да имаме еднаква и правична распределба на вакцините ширум светот. Сакам да се заблагодарам на сите земји клои го поддржаа овој систем посебно на претставниците на пријателските земји за нас кои се денеска тука со нас САД, Германија, Велика Британија, Франција, како и на претставниците и на СЗО и на УНИЦЕФ со чија помош го организиравме целокупниот систем за транспорт за прием и понатаму за користење на овие вакцини, а врз основа на искуствата на сите земји каде што се користат“, изјави Филипче.
Можеби ќе ве интересира: