Облачно и постудено време, дожд и до 30 литри на метар квадратен

Во текот на денот ќе преовладува облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен.

Zito baner

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 4 до 13 степени, а максималните ќе достигнат до 23 степени.

Agria

Во Велес се очекува облачно и постудено време. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, а во делови од Велешката Котлина врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 9 степени, додека дневната максимална температура ќе достигне 18 степени.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: