Фудбалерите на Борец 1919 одиграа нерешено 2:2 на гостувањето кај Вардар Неготино, во натпреварот од 4. коло во Третата македонска фудбалска лига – Регион 4. Велешани одлично го започнаа натпреварот и по првите 30 минути имаа предност од 0:2. Ибрахимовиќ во 10. минута го донесе Борец во водство, а Чичевски во 30. минута зголеми на 0:2.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 57. минута, кога со црвени картони беа исклучени Пеце Стојанов од Борец 1919 и Филип Драскачев од Вардар Неготино. По исклучувањата, домаќините го презедоа иницијативата па до крајот на натпреварот Вардар Неготино успеа да стигне и до израмнување, па Борец 1919, и покрај водството од два гола, мораше да се задоволи со еден бод.
По четири одиграни кола, Борец 1919 се наоѓа на петтото место на табелата со 8 освоени бодови. Во следното коло велешани ќе го пречекаат составот на Росоман.





















