По ведрото и постудено утро, денеска на територијата на целата земја се очекува да преовладува сончево време, со слаб до умерен ветер од северен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 26 степени. Најсвежо ќе биде во Маврово и Берово, а највисоката температура се очекува да биде измерена во Гевгелија.
Во Велес, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево со слаб до умерен ветер во северен правец. Дневната температура во главиот град ќе се искачи до 25 Целзиусови степени.





















