Осум екипи вечерва ќе обезбедат место во четвртфиналето на меморијалниот турнир „Гоце Коцевски 2026“

Од денес до недела, населбата Превалец ќе биде во знакот на малиот фудбал, каде ќе се одржи Вториот меморијален турнир „Гоце Коцевски 2026“. На турнирот настапуваат 16 екипи кои ќе се борат за престижниот трофеј и наградниот фонд од вкупно 130.000 денари.

Zito baner

По вчерашната ждрепка, познати се двојките за осминафиналната рунда, а вечерва ќе се одиграат сите осум натпревари:

Agria
  • 19:30 – Агро Кит Ники – Аризона
  • 20:15 – Чашка – Гемиџии
  • 21:00 – Империјал Тобако – Ковани Огради
  • 21:45 – Веле Коп Транс – Бабуна
  • 22:30 – Колектив – Цар Мебел
  • 23:15 – Тунел – Милко Илиевски
  • 00:00 – Романтик – Про Дизајн
  • 00:45 – Тополка – Младост

По вечерашните дуели ќе бидат познати осумте екипи кои ќе продолжат во четвртфиналето, а љубителите на малиот фудбал ги очекуваат три вечери исполнети со неизвесни натпревари и квалитетен спорт во Превалец.

Победничката екипа ќе освои 70.000 денари, второпласираната 40.000 денари, додека третото место носи награда од 20.000 денари.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: