
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Велешанка осомничена за кражба на кабли од објекти во изградба
- Нов свештеник во Повардарската епархија, ракоположен велешанецот Бобан Ѓорѓиевски
- Сè помалку деца во македонските домови: Просечниот број паднал од 0,80 на 0,60
- Формиран Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите, Тошковски најави подобра институционална заштита
- Дизелот поевтинува за 3,50 денари, а бензините за два денара за литар



















