Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност, а попладне се можни поројни дождови, грмежи и невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а максималната од 27 до 34 степени.
Во Велес ќе биде сончево и топло со мала облачност, а попладне во делови од котлината се можни пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.





















