Превалец доживеа убедлив пораз на стартот на сезоната

Со натпреварите од првото коло започна новата сезона во Третата фудбалска лига – Регион 4, а велешкиот претставник Превалец, минатогодишниот вицешампион, стартуваше со убедлив пораз. Превалец во Прилеп беше поразен со 6:0 од ГФК Победа, во натпревар во кој домашниот тим уште во првото полувреме ја најави убедливата победа.

Zito baner

Три гола за прилепскиот состав постигна Даниел Карчески – во 24., 31. и 47. минута. Во листата на стрелците се запишаа и Мартин Николовиќ во 50., Иса Чанески во 74. и Марио Наумоски во 86. минута.

Agria

ГФК Победа сезонава настапува во Третата лига, откако го зазеде местото на ФК Победа, што предизвика реакции и дилеми во фудбалските кругови.

На останатите натпревари од првото коло, Бучин со 6:3 го совлада минатогодишниот второлигаш Вардар Неготино, Победа Пепелиште со 3:0 беше подобра од Питу Гули од Крушево, додека Венц со убедливи 6:1 го совлада составот на Ултрас. Останатите натпревари од првото коло се играат денес.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: