Мицкоски има милиони евра за спектакли, тендери и луксуз, но за граѓаните нуди трошки. Цените растат, платите не ги следат поскапувањата, а семејствата секој месец живеат сè потешко.Во услови кога горивата надминаа 100 денари за литар, а цените на храната секојдневно растат, Владата на арамијата Мицкоски донесе задоцнети, половични мерки без никаков ефект врз семејните буџети, се наведува во соопштението од СДСМ.
Од партијата укажуваат дека според нив има две конкретни мерки кои ќе придонесат за вистинско намалување на цените на нафтените деривати.
Затоа опозиционерите предлагаат:
1.Целосно укинување на акцизата за горивата.
2.Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти.
– Со мерките на СДСМ, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со мерките што ги предлага Владата.
Ова е конкретна помош што веднаш ќе се почувствува во секое домаќинство.
Значителното поевтинување на горивата ќе ги намали и транспортните трошоци и ќе создаде услови за намалување на цените на храната и на другите основни производи – укажуваат во соопштението испратено до медиумите и додаваат оти бараат Владата веднаш да ги прифати предложените мерки.




















