Шанса да ја продолжи серијата победи, Борец 1919 го пречекува Башкими

Во рамки на третото коло од Третата фудбалска лига – Регион 4, во Велес ќе се одигра мало локално дерби меѓу екипите на Борец 1919 и Башкими од Горно Јаболчиште, членови на ОФС Велес.

Zito baner

Борец 1919 одлично ја започна сезоната и по првите две кола има максимални шест бодови. Велешани на стартот забележаа две победи и со добра атмосфера го очекуваат дуелот со Башкими.

Agria

Од друга страна, тимот од Горно Јаболчиште има лош почеток на првенството. И покрај големиот број засилувања ангажирани во пресрет на сезоната, Башкими ги загуби двата натпревари и сè уште е без бодови. Особено болен беше домашниот пораз од новакот во лигата, Победа од Пепелиште.

Во третото коло, уште еден велешки претставник, Превалец, ќе гостува во Мало Коњаре кај Влазними Јуниор. Превалец по убедливиот пораз на стартот од ГФК Победа успеа да се рехабилитира и на домашен терен да ги освои првите бодови со победата над Ултрас.

Натпреварите од третото коло започнуваат во 16:00 часот.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: