Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. На некои места ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната ќе се движи од 19 до 29 степени.
И во Велес, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.





















