По ведрото и студено утро, времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе биде од минус 2 до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 17 до 26 степени.
Во Велес, времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец и со температура што се движи од 4 степени наутро до 25 во текот на денот.





















