Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Наместа, особено во попладневните часови, ќе има услови за појава на слаб и краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 14 степени, додека дневната температура ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Велес ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 13, а максималната ќе достигне 23 степени.





















