
Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМЕ Христијан Мицкоски денеска во 13 часот треба да оддржат средба во Клубот на пратениците.
Вчера и двете партии ги дефинираа црвените линии од кои ќе почнат преговорите. Владејачката партија го обвинува Мицкоски за попречување на пописот, а опозицијата ја критикува Владата за загрозување на здравјето на граѓаните.
Неофицијално за денешната средаб се споменуваат неколку опции кои би биле ставени на маса за статистичката операција. Од целосно одложување за септември, како што бара опозицијата, преку тоа пописот да почне формално во четврток, но реално попишувачите на терен да работат продолжено до средината на мај, потоа отворање на можност за електронско попишување, па се до тоа пописот да се одвива согласно предвиденото.
Средбата Заев Мицкоски доаѓа како резултат на иницијативата на лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира: