Венец го совлада Башкими и обезбеди место во Купот на Македонија

Ultras Baskimi sezona 24/25

Екипата на Венец од Долни Дисан ќе ја претставува Третата лига – Југ во 1/16-финалето на Купот на Македонија за сезоната 2026/27, откако во Кавадарци со 3:1 славеше против Башкими од Горно Јаболчиште.

Zito baner

Во натпреварот што го решаваше последниот патник во најмасовното домашно фудбалско натпреварување, Венец беше подобар ривал и заслужено стигна до победата. Тимот од Долни Дисан поведе во 56. минута преку Петар Ристовски, а предноста ја удвои Жарко Донев со погодокот во 78. минута. Башкими успеа да ја врати неизвесноста со голот на Таироски Елфати во 82. минута, намалувајќи на 2:1.

Agria

Сепак, надежите на претставникот на велешкиот регион траеја кратко. Во самиот финиш, во 88. минута, Кирил Неделков ги постави конечните 3:1 и го потврди пласманот на Венец во 1/16-финалето на Купот на Македонија.

Со оваа победа, Венец му се приклучува на Влазними Јуниор, кој претходно обезбеди директен пласман, како втор претставник на Третата лига – Југ во Купот на Македонија за сезоната 2026/27.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: