Ветеринарите предупредуваат, високите температури се сериозен ризик за кучињата

kuce

Високите температури претставуваат сериозен ризик за здравјето на домашните миленици, особено за кучињата, предупредуваат ветеринарите. Во периодите на екстремна топлина, сопствениците треба да им обезбедат на животните постојан пристап до свежа вода, доволно сенка и да ги избегнуваат прошетките во најтоплиот дел од денот.

Zito baner

Кучињата кои живеат во станови генерално се позаштитени од високите температури, особено доколку просториите се климатизирани. Кај кучињата кои се чуваат во дворови, неопходно е да имаат природна сенка и постојан извор на свежа вода за пиење.

Agria

Ветеринарите посочуваат дека при екстремни температури животните природно го намалуваат внесот на храна, па не треба да се принудуваат да јадат. За разлика од храната, водата мора да им биде достапна во секое време.

Посебно внимание е потребно кај брахицефалните раси, како што се кучињата со кратка муцка. Поради специфичната структура на нивниот респираторен тракт, тие потешко ја поднесуваат жештината и имаат поголем ризик од топлотен удар.

Прошетките се препорачува да се организираат во раните утрински или вечерните часови, кога температурите се пониски. При патување со домашни миленици, пак, потребно е да се прават почести паузи за животните да можат да се разладат, да пијат вода и да ги задоволат своите физиолошки потреби.

Сопствениците треба да реагираат веднаш доколку кај миленикот забележат забрзано и силно задишување, апатија, слабост или некоординирано движење. Овие симптоми може да укажуваат на топлотен удар, состојба која без навремена стручна помош може да има и фатален исход.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: