
Вознемирувачко видео осамна денеска на фан страната Стрмица онлајн. Во видеото се гледа како група од десетина луѓе во центарот на Струмица претепуваат човек, а меѓу насилниците има и некои кој се со стапови и палки.
Од секторот за внатрешни работи Струмица ја потврдуваат оваа информација и информираат дека немилиот настан бил пријавен околу 12 часот.
До овој момент нема информации за насилниците, ниту каква е здравствена состојба на претепаниот.
„СВР Струмица во координација со Основното јавно обвинителство Струмица презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот“, велат од СВР Струмица.
Според информации на телевизија Телма, на бруталниот физички напад му претходел инцидент во казино каде нападнатиот откако изгубил пари оштетил опрема во автомат-клубот.
Moжеби ќе ве интересира:
