Второлигашкиот кошаркарски плеј-оф продолжува, Борец Баскет бара реванш против Ангели

borec-basket-mkk-kumanovo-10

Денеска продолжува возбудата во машката кошаркарска Втора лига со реванш четвртфиналните натпревари од плеј-офот. Во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Борец Баскет и Ангели, кој ќе се одигра со почеток во 19:30 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес.

Домашниот тим, Борец Баскет, ќе се обиде да го израмни резултатот и да му се реваншира на тимот на Ангели за поразот во последната секунда на првиот натпревар. Натпреварот се очекува да биде неизвесен и исполнет со емоции, со оглед на тоа што победникот од овој дуел обезбедува место меѓу најдобрите четири тима во лигата.

Agria

Судијската тројка составена од Антовски, Червенка и Маџоски ќе ја дели правдата на теренот, а публиката во салата „Гемиџии“ ќе има можност да ужива во уште едно возбудливо кошаркарско соочување.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: