Започна Вториот меморијален турнир „Гоце Коцевски 2026“ – познати четвртфиналистите

Со возбудливи натпревари и голем број постигнати голови, синоќа стартуваше Вториот меморијален турнир во мал фудбал „Гоце Коцевски 2026“, кој и оваа година ги собра најдобрите екипи од регионот. Турнирот се игра за награден фонд од 130.000 денари, а уште првата вечер понуди неизвесни дуели и убедливи победи.

Zito baner

Во осминафиналето, Ален Гемиџии со 2:1 ја совлада Чашка, додека Аризона беше подобра од Агро Кит Ники со 3:1. Империјал Тобако сигурно го елиминира Ковани Огради со 4:1, а најубедлив триумф забележа Бабуна Мартолци, која со дури 10:1 го декласира Веле Коп Транс.

Agria

Колектив во еден од најнеизвесните натпревари славеше над Цар Мебел со 3:2, Тунел Компани со 4:1 беше подобра од ФК Пчиња, Романтик со 2:0 го совлада Про Дизајн, додека ФК Тополка со убедливи 8:2 ја елиминира ФК Младост.

Вечерва на програмата се четвртфиналните пресметки, во кои ќе се сретнат Ален Гемиџии и Аризона, Империјал Тобако и Бабуна Мартолци, Колектив и Тунел Компани, како и Романтик против ФК Тополка.

Покрај натпреварите од четвртфиналето, публиката ќе има можност да проследи и ревијален натпревар на ветераните на ФК Превалец, кој се очекува да биде дополнителна атракција на турнирската вечер.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: