Група авганистанци добија привремен престој во земјава

Aerodrom
Aerodrom

На скопскиот аеродром вчера пристигна група од 67 бегалци од Авганистан, вработени во организациите Национален демократски институт (NDI) и Националната фондација за демократија (NED) и членови на нивните семејства, информираат од Владата.

Zito baner

Во владиното соопштение се нагласува дека земјава ќе им обезбеди привремен престој на овие лица до нивното заминување во трета држава.

Agria

„Ова е дел од меѓународната операција за помош на демократското авганистанско население, кое е во опасност од талибанските власти“, посочуваат од Владата и додаваат дека цивилите ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од меѓународни организации.

Во државата во моментот престојуваат 579 авганистански граѓани, на кои институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.

Од земјава до сега заминаа 141 лице, на кои траен престој им обезбедија повеќе држави во светот.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: