Борец Тим со пораз го започна настапот во пингпонгарската Супер лига

Ping pong Makedonija

Викендов започна новата сезона во Пингпонгарската Супер лига на Македонија, а меѓу екипите кои се натпреваруваат е и велешкиот Борец Тим. Велешани не успеаја со победа да ја започнат сезоната, откако во првото коло беа поразени од екипата на Крива Паланка со 4:1.

Zito baner

Единствениот поен за Борец Тим го освои Александар Марков, кој во својот меч беше подобар од Јорданчо Манев.

Agria

Во следното коло на 18 октомври велешкиот тим го очекува нов предизвик против Младост 96, екипа која во првото коло славеше над Астраион со 4:2,  додека во третото коло силите ќе ги одмери против Шампион ФА.

Борец Тим ќе има можност да стигне до првата победа во сезоната и да ги запише првите бодови во Супер лигата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: