
Министерството за внатрешни работи информораше дека во периодот од 22.00 часот на 20.07. до 01.30 часот на 21.07.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Т.Ѓ.(29), Ф.Ј.(30), Ф.Ѓ.(29), сите од Скопје, М.Н.(22) од Прилеп, Н.А.(23), И.С.(28), двете од Скопје и тројца малолетници.
Содржината продолжува под рекламата
„При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, зелена тревкаста материја, бела грутчеста материја, таблети и други предмети. Исто така, Т.Ѓ. се однесувал агресивно и ги спречувал полициските службеници при преземањето службени дејствија.“, извести полицијата.
Содржината продолжува под рекламата
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Можеби ќе ве интересира:
- Драма на автопатот Скопје–Велес: автомобил летна во провалија, шест лица извлечени во последен момент
- Пратеникот Миле Цеков го напушти Движењето ЗНАМ, ќе дејствува како независен пратеник надвор од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ
- Вознемирувачки случај во Велес, приведен 51-годишник за недолично однесување кон малолетничка
- Први мај не е пикник: Слободан Трендафилов повика на масовен работнички протест
- Велешанец тропа на вратата на одбојкарската репрезентација, Филип Јованов меѓу избраните


















