
Во пресрет на најголемиот македонскиот национален празник Илинден – 2 Август, вчера Општина Велес со положување цвеќе на три споменици и Спомен-костурницата им оддаде почит на сите жртви за слободна Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Со тоа Општина Велес одбележа 121 година од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. По тој повод, делегации на Општина Велес, политички партии, јавни институции им оддадоа почит на загинатите броци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна.
Содржината продолжува под рекламата
Цвеќе положија на споменикот на велешките Илинденци во центарот на градот, на споменикот на учителот Панко Брашнаров и на спомен- бистата во Спомен-костурницата од НОВ, каде се одржа и пригодна програма.
Од Општина Велес потенцираат дека 2 Август – Денот на Републиката е најголем национален празник во државата, кој со себе ги носи спомените од два значајни историски датума за македонскиот народ – двата Илиндена, Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, на кое се поставени основите на денешна Македонија.
Можеби ќе ве интересира:
- Ветераните на Борец газат на Раб, Динамо и Инѓија „паднаа“, следи полуфинале со Шабац
- Тешка кражба: Велешанец спроведен во затворот Идризово
- Над еден тон небезбедна храна е уништена по извршени инспекциски контроли во продавници за здрава храна, соопшти Агенција за храна и ветеринарство.
- Денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре повисоки температури
- Шест лица под истрага за марихуаната во Србија – биле пренесени 200 кутии
















