Велешката полиција уапси 23-годишен велешанец кој се сомничи дека украл повеќе предмети од подрумска просторија на 55-годишен велешанец.
„На 03.12.2024 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(23) од Велес. Тој се сомничи дека од подрумска просторија од домот на В.Д.(55) од Велес одзел неколку предмети. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот“, соопштија од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот, против А.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.