Пронајдени и вратени украдени рефлектори од фонтаната во Младински парк – 22-годишен велешанец осомничен за кражбата

veles, letno vreme dron mladinski park

Секторот за внатрешни работи Велес идентификуваше и изврши службен разговор со 22-годишниот О.С. од Велес, кој се сомничи дека одзел рефлектори со кабли од фонтаната во Младинскиот парк, сопственост на Општина Велес.

Според информациите од полицијата, кражбата била извршена со употреба на остар предмет, а украдените елементи биле пронајдени кај осомничениот. Рефлекторите се вратени на сопственикот, а случајот е пријавен до надлежниот јавен обвинител.

Agria

По целосно документирање на настанот, против О.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: