Баскерфест 2025 доаѓа во Велес на 26 август, уличната магија се враќа

По неколкугодишна пауза, легендарниот уличен уметнички фестивал Баскерфест се враќа на македонските улици, повторно носејќи бои, ритам и улична магија во срцето на градовите. Петнаесеттото издание на фестивалот ќе се одржи од 25 август до 6 септември, а Велес ќе има чест да биде една од клучните станици на оваа фестивалска тура, со настапи на 26 август, веднаш по свеченото отворање во скопската општина Кисела Вода.

Zito baner

Граѓаните на Велес ќе имаат можност повторно да уживаат во незаборавни изведби на преку 20 уметници од целиот свет, меѓу кои има акробати, жонглери, музичари, кловнови и многу други улични изведувачи од Полска, Канада, Бразил, Србија, Албанија, Чиле, како и домашни таленти од Македонија.

Agria

Велес ќе се претвори во сцена под отворено небо, каде секој случаен минувач ќе стане дел од живописната приказна што Баскерфест ја раскажува веќе 15 години. Настанот не само што носи уметност на дофат на сите, туку и ја зближува заедницата преку хумор, креативност и непосредна интеракција.

Фестивалот годинава патува низ 9 градови и се одвива на 13 локации, со завршна вечер во Гевгелија. Велешани, подгответе се за вечер исполнета со смеа, восхит и инспирација. Не го пропуштајте 26 август, денот кога Велес ќе стане центар на уличната уметност.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: