Млад велешанец измамен при обид да изнајми стан – останал без 36.000 денари

Дваесет и двегодишен жител на Велес пријавил во полиција дека бил измамен при обид да изнајми стан, со што останал без 36.000 денари.

Според информациите од СВР Велес, на 9 октомври 2025 година во 14:40 часот, оштетениот пријавил дека преку социјална мрежа стапил во контакт со лице кое се претставило како Н.П., со цел да изнајми стан во Велес. По телефонски разговор и договор, му ја уплатил договорената сума за закуп на станот на банкарска сметка.

Agria

Меѓутоа, веднаш по трансакцијата, лицето Н.П. станало недостапно за понатамошен контакт, по што оштетениот сфатил дека станува збор за измама.

Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Од СВР Велес апелираат граѓаните да бидат внимателни при онлајн договарање за закуп или купопродажба и да не вршат уплати без претходна проверка и лично договарање.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: