Премиера во велешкиот театар, „Мало невино убиство“, црна комедија што ќе ве остави без здив

Вечерва, на сцената на велешкиот театар „ЈХК Џинот“, премиерно ќе се изведе претставата „Мало невино убиство“ од францускиот драмски автор Жан-Пјер Мартинез, во режија на Деан Дамјановски.

Станува збор за црна комедија, во која една, наизглед безначајна лага, покренува синџир настани што бргу излегуваат од контрола. Трите главни лика, обидувајќи се да ја прикријат вистината, се соочуваат со лавина од апсурдни ситуации, комични недоразбирања и шокантни откритија. Претставата вешто ја комбинира смеата со драмската тензија, нудејќи возбудливо сценско доживување полнo со непредвидливи пресврти и остроумен хумор.

Agria

„Мало невино убиство“ е претстава што низ смеа ја прикажува човечката глупост, слабостите на измамата и непредвидливите последици од најобичната лага. Публиката може да очекува вечер исполнета со интензивни емоции, духовити реплики и актерски изведби што оставаат впечаток.

Во претставата играат Васил Зафирчев во улога на Алан, Кети Борисовска во улога на Ева и Талија Настова како Ема.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: