Според податоците од Државната изборна комисија, по околу 90 проценти обработени гласачки места, ВМРО-ДПМНЕ освои убедливи 16 советнички мандати во Советот на Општина Велес.
ВМРО-ДПМНЕ има вкупно 9.499 гласа, со што обезбедува апсолутно мнозинство во новиот состав на Советот. Зад нив следуваат Левица со 2.348 гласа и СДСМ со 2.235 гласа, кои добиваат по три советнички мандати.
Движењето ЗНАМ освои 857 гласа и обезбеди еден советнички мандат.
Распределба на мандати според податоците од ДИК:
ВМРО-ДПМНЕ 9.499 гласови, 16 мандати
Левица 2.348 гласови, 3 мандати
СДСМ 2.235 гласови, 3 мандати
ЗНАМ 857 гласови, 1 мандат
Со оваа распределба, ВМРО-ДПМНЕ обезбедува стабилно мнозинство во Советот на Општина Велес, додека опозициските партии ќе располагаат со вкупно шест мандати, а еден мандат освои коалицискиот владин партнер, движењето ЗНАМ.
Официјалната потврда и конечните резултати се очекуваат по завршување на целосната обработка на гласачките места од страна на Државната изборна комисија.