На 7 ноември 2025 година, околу 12 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 60-годишен жител на велешко село, поради сомнение дека извршил недолично дејствие кон 22-годишна велешанка.
Според пријавата, тој во својот дом ја допирал по телото и ја бакнувал младата жена, која во тој момент престојувала кај него и била партнерка на неговиот син.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против 60-годишникот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

















