Велешанец тешко повреден во сообраќајка на улица „Пенчо Давчев“

Policija lenta

На улицата „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, вчера околу 09:35 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која тешко повреден е 47-годишен велешанец.

Според информациите од СВР Велес, патничко возило марка „Мерцедес“, управувано од А.П. (47) од Велес, излетало од коловозот и удрило во дрво. Од ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Велес.

Agria

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес, со цел да се утврдат причините за излетувањето на возилото.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: