Окоу 10 часот и 30 минути, во центарот на Велес, кај музејот, изгоре патничко возило. Големиот чад што се издигна од пожарот ги вознемири граѓаните од овој дел на градот, кои веднаш повикаа помош. Неофицијално, станува збор за автомобил марка Форд Фокус.
Благодарение на брзата интервенција на Противпожарната единица Велес, огнот беше локализиран за кратко време. За време на гаснењето, сообраќајот на овој дел од улицата беше привремено во прекин, по што повторно беше нормализиран.
Причините за пожарот засега не се познати и ќе се истражат дополнително.

















