Состојбата со реките низ целата територија на Македонија е под контрола, иако обилните врнежи предизвикаа краткотрајни поплави на неколку места, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Во моментов реките се стабилни, нема излевања што би претставувале ризик за населението. Нашите теренски екипи континуирано ги следат водостоите и интервенираат каде што е потребно“, велат од ЦУК.
Во Охрид, поплавени се подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите, состојбата се смирува. Во останатите градови, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Битола, Ресен, Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион – реките се во своите корита, а ситните одрони и помали пречки се отстрануваат од теренските екипи.

















