Семејното насилство во Велес во пораст

Во Основниот суд во Велес од почетокот на 2025 година досега се примени вкупно 52 предмети поврзани со родово базирано насилство и семејно насилство во граѓанскиот оддел, а само во ноември пристигнале нови 6 случаи. Овие бројки, како што беше истакнато на меѓуинституционалната средба одржана во судот, го отсликуваат растечкиот предизвик со кој се соочуваат институциите во заштитата на жртвите.

На средбата, претставници од повеќе надлежни институции ја анализираа динамиката на случаите и нагласија дека насилството врз жените и семејното насилство претставуваат сериозен општествен проблем и најгруб облик на повреда на човековите права. Институциите, како што беше потенцирано, даваат приоритет во постапувањето по овие предмети поради нивната чувствителност и последици врз жртвите.

Agria

Присутните се согласија дека континуираната меѓуинституционална соработка е клучна – за навремено постапување, подобра координација и усогласување на сите активности што ги преземаат субјектите вклучени во поддршката на жртвите и утврдувањето на одговорноста на сторителите.

Како заклучоци од средбата беа истакнати две точки, соработката меѓу институциите да продолжи, со строго почитување на интегритетот, приватноста и достоинството на жртвите и вклучување на ЈЗУ Општа болница Велес во сите понатамошни координирани активности, со цел да се надминат проблемите кои се јавуваат во текот на постапките пред Основниот суд.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: