На Граничниот премин Табановце, на 26 ноември 2025 година, полициски службеници го лишиле од слобода А.П. (40) од Велес, поради непочитување на претходно изречена судска мерка на претпазливост – „забрана за излез“ од државата.
Лицето било спроведено и задржано во Полициската станица Велес, а за случајот бил известен надлежен јавен обвинител.
Веќе наредниот ден, на 27 ноември 2025 година, А.П. бил изведен пред судија во Основниот суд Велес, каде што му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена. По судската одлука, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.

















