Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, преку својата официјална фејсбук страница најави значајна мерка која ќе ги опфати сите ученици во основното образование. Според најавата, во буџетите на основните училишта за наредната година ќе бидат предвидени средства за набавка на нови униформи, со што учебната 2026/27 година треба да започне со целосно бесплатни униформи за сите ученици.
Како што истакна Колев, мерката има повеќекратна цел, да ги намали финансиските трошоци на семејствата, да создаде еднакви услови за образование и да придонесе кон намалување на врсничката поделба и насилство засновано на изглед или облека.
„Младите се нашата иднина, инвестирањето во нив е инвестиција во подобро утре за сите нас,“ порача градоначалникот.
Од Општината најавуваат дека подготовките ќе започнат навреме за мерката да биде целосно спроведена до стартот на новата учебна година.

















