Возач фатен пијан во центарот Велес со 1,74 промили алкохол, случајот оди кај обвинител

Stop Policija

Педесет и четиригодишен велешанец е приведен рано изутрината, откако полициски службеници од СВР Велес утврдиле дека управувал возило под дејство на алкохол. Инцидентот се случил околу 01:15 часот на улицата „Гоце Делчев“, поточно зад зградата на судот, каде што сообраќајот во моментот се одвива по една лента поради паркирани возила и градежните работи на подземната гаража во центарот.

При редовна сообраќајна контрола, полицијата го запрела патничкото возило „пежо“ со велешки регистарски таблици, управувано од К.С. (54) од Велес. По извршеното алкотестирање било утврдено дека возачот има високи 1,74 промили алкохол во крвта — количина која значително ја надминува дозволената граница.

Agria

К.С. бил приведен и задржан во полициската станица. За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе следува кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: