Во Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес денес се реализира уште една успешна крводарителска акција во чест на патрониот празник на училиштето. Учениците, наставниците и вработените уште еднаш ја покажаа својата хуманост, дарувајќи вкупно 17 крвни единици.
Акцијата беше спроведена со поддршка на волонтерите од Црвен крст на РСМ – Општинска организација Велес, како и екипа од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, кои ја обезбедија стручната и логистичката помош.
Со оваа акција, бројката на собрани крвни единици на трите есенски крводарителски акции во велешките средни училишта достигна 75 единици крв – резултат што претставува значаен придонес за заедницата и уште една силна потврда за хуманоста и солидарноста на велешката младина.

















