Современа лабораториска дијагностика од вчера им е достапна на граѓаните на Велес. Почна со работата новата специјалистичка дијагностичка медицинска лабораторија ПЗУ „Ве лаб дијагностик“, која се наоѓа спроти театарот.
Лабораторијата располага со современа медицинска опрема и стручен кадар, а нејзина основна дејност е изведување широк спектар биохемиски анализи. Пациентите можат да направат испитувања на крвна слика, урина, глуциден статус, липидограм, хормонални анализи, тумор-маркери, алергии, како и бројни други лабораториски параметри значајни за следење и дијагностицирање на здравствената состојба.
Покрај биохемиските анализи, „Ве лаб дијагностик“ нуди и микробиолошки и молекуларно-медицински услуги, кои се реализираат во соработка со современи надворешни лаборатории, со што се проширува опсегот на дијагностички можности за пациентите.

Од установата информираат дека во моментов лабораторијата не соработува со Фондот за здравствено осигурување, но во иднина е планирано склучување договор со Фондот, како и проширување на дејноста со отворање дополнителни специјалистички ординации.

















