Два дена по ред надминат прагот на информирање за ПМ10 честички во Велес

Прагот на информирање за загаден воздух со ПМ10 честички е надминат во Велес два дена по ред, на 17 и 18 декември, покажуваат податоците од мерното место „Велес 2“. Според мерењата, концентрациите достигнале 137,88 и 135,54 микрограми на кубен метар, што е значително над дозволената граница од 100 μg/m³ утврдена со важечката уредба.

Од Општина Велес информираат дека надминувањето е регистрирано согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух, а врз основа и на временската прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи. Со тоа е активиран прагот на информирање, кој се прогласува кога граничната вредност е надмината во текот на два последователни дена.

Agria

Локалната самоуправа упати апел до граѓаните да преземат мерки за намалување на загадувањето и заштита на сопственото здравје. Се препорачува користење на јавниот превоз и избегнување на користење автомобили без поголема потреба, како и заедничко возење со едно возило кога тоа е возможно.

Во апелот се нагласува и да не се користат недозволени и штетни материјали за затоплување, како што се прегорено отпадно масло, лакирани или обоени дрвени отпадоци, мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, гума и други синтетички материјали. Граѓаните се повикуваат правилно да ги користат печките за дрва, да палат суво огревно дрво и редовно да ги чистат оџаците.

Дополнително, се советува да се избегнува подолготрајна изложеност на отворено, особено во раните утрински и доцните вечерни часови, како и да се одложат сите активности на отворен простор додека трае зголеменото загадување.

Од Општина Велес апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките со цел да се намалат штетните последици врз здравјето и животната средина.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: