Велешанец фатен зад волан со 2,09 промили алкохол, заврши во полициска станица

Stop Policija

Едно лице е лишено од слобода поради безобѕирно управување со моторно возило, откако било затекнато да управува автомобил под дејство на алкохол.

Настанот се случил на 21 декември околу 23:50 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Велес, кога полициски службеници од СВР Велес при сообраќајна контрола запреле патничко возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Г.Т. (49) од Велес.

Agria

При извршената контрола било утврдено дека возачот има 2,09 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: